По две првенства на кои го освои последното место (2012 и 2022), женската ракометна репрезентација на Македонија значително ќе го подобри својот пласман на шампионатот што се одржуваа оваа година.
Нашите ракометарки освоија бод по пауза од 16 години, а Шведска им помогна да го избегнат „фенерот“ во својата група бидејќи ја победи Турција со 47-19.
Македонија и Турција имаат по еден бод, но Македонија завршува како третопласирана бидејќи има гол разлика од -20, а Турција од -34.
Третото место во групата најверојатно ќе ѝ донесе полесен противник на Македонија во квалификациите за Светското првенство на кое ќе се обиде да се пласира првпат по 2007 година.