Македонија треба да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Македонија да врати 2,2 милиони евра, пари што биле злоупотребени од европските фондови, побарал Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија со конечно решение за извршување. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Марко Ѓоргиевски, денеска ја извести јавноста дека е пристигнато информативно писмо од страна на овој Директорат кој се повикува на извештај на ОЛАФ од 30 ноември 2023.

– Во известувањето бевме информирани дека постојат неправилности во проектни досијеа на 22 корисници на грантови од програмата „Еразмус плус“ финансирани од Европската комисија. Согласно ова известување се бара 2.276.212 евра кои биле доделувани како грантови од 2016 до 2018 година, рече Ѓоргиевски.

Во меѓувреме имало состаноци со релевантни институции, а прашањето било поставено и на владина седница. Управата за финансика полиција потврдила дека е пристигнат извештај од ОЛАФ и доставен до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

– Во март добивме известување за конечноста на одлуката согласно извештајот. Во тек е предистражна постапка на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција и ќе ве замолам за разбирање што повеќе нема да можам да споделувам детални информации,речедиректорот пред медиумите.

Ѓоргиевски додаде дека ќе се разговара со владата како во иднина повеќе да нема вакви скандали пред Европската комисија со доделувањето и прераспределбата на грантовите. Агенцијата ќе соработува со обвинителството и со финансиската полиција.

Претходна вестПретседателските кандидати согласни за мастер дебата на неутрален терен
Следна вестССМ најавува серија протести и порачува дека работниците носат одлука за тоа кој ќе ја води државата