Македонската сениорска фудбалска репрезентација претрпе пораз од Хрватска од 3-0 на пријателски меч кој се одигра во Ријека.
„Коцкестите“ настапија со комбиниран состав на овој меч, но тоа не им беше проблем рутински да не совладаат на тестот во „Рујевица“.
Најубавиот момент се случи во 10. минута кога Мајер со прекрасен гол од слободан удар ги израдува домашните навивачи. Истиот играч зголеми на 2-0 во 45 минута, додека потврда на победата стави нововлезениот Пашалиќ во 79 минута.
Ние имаме уште една контрола во овој јунски „прозорец“ против Чешка на 10. јуни во Храдец Кралове.