Добри вести ни доаѓаат од Букурешт градот каде што Македонија треба да игра два натпревари на ЕУРО 2020. Романската фудбалска федерација побарала од Минстерството за здравство на Романија на натпреварите да има 24.000 гледачи.
Во очекување сме на одлуката од романското министерство за тоа дали фудбалската репрезентативна чета на Горан Пандев ќе има поддршка од македонската фаланга на натпреварите во Букурешт. Ако се дозволи, сигурно е дека ќе потечат реки на возила со македонски навивачи кон главниот град на Романија.
Инаку УЕФА им даде рок до среда на градовите домаќини на претстојното ЕУРО 2020, да се изјаснат околу тоа колку фанови ќе дозволат да бидат на стадионите за време на ЕП.