Македонија во вториот шешир во ждрепката за ЕП

Ракометарките на Македонија ќе бидат во вториот шешир на извлекувањето на квалификациските групи за Европското првенство во 2024 година кое ќе се игра во Швајцарија, Австрија и Унгарија.

Ждрепката ќе се одржи на 20 април во Цирих со почеток во 17:00 часот, а топчињата ќе ги извлекува поранешнната капитенка на Црна Гора, Јованка Радичевиќ.

Во првиот шешир се и Франција, Данска, Германија, Холандија, Шведска, Шпанија, Црна Гора и Хрватска. Вториот шешир го сочинуваат Романија, Словенија, Србија, Полска, Чешка, Македонија, Словачка и Исланд, во третиот се Португалија, Украина, Турција, Италија, Фарски Острови, Литванија, Грција и селекцијата на Косово, а во четвртиот се Израел, Финска, Луксембург, Босна и Херцеговина, Летонија, Азербејџан и Бугарија.

Селекциите ќе бидат поделени во седум групи со четири екипи и една група со три екипи.

На првенството ќе се пласираат првите две репрезентации од секоја група, како и четирите најдобри третопласирани селекции.

Настап на првенството, освен трите домашни селекции, обезбеди Норвешка како актуелен шампион на Стариот континент. Квалификациите започнуваат во октомври годинава

Претходна вестМЗТ Скопје пред остварување на невозможната мисија
Следна вестСкопјанец со пиштол и се закнувал на сопругата