Кошаркарската репрезентација на Македонија со пораз од Естонија ги почна квалификациите за Евробаскетот 2025, загубивме со 74-69 и уште на стартот на минимум ги сведовме шансите за пласман. Нашиот најдобар кошаркар, Димитријевиќ поради повреда предвреме го заврши натпреварот.
Македонија вечерва во СРЦ „Кале“ покажа две лица, добро во првото полувреме и лошо во вториот дел, особено ужасна беше третата четвртина.
Во првото полувреме на крлијата на Димитријевиќ бевме одлични, неколкупати имавме и највисоки девет поени предност, на одморот заминавме со водство од 43-36, но работите се променија во вториот дел.
Катастрофален ни беше шутот во третиот период кога постигнавме само десет поени, Естонија постигна 21, го сврте натпреварот, а во последните 10 минути ја задржа предноста за конечна победа од 74-69.
Клучна за поразот можеби беше повредата на Ненад Димитријевиќ кој мораше да го напушти теренот на седум минути до крајот.
Најефикасен во нашата репрезентација беше Нено Димитријевиќ со 25 поени, одличен беше Хап со 18 поени и 10 скокови, двоцифрен беше и Ѓуроски со 10 поени. Кај Естонија Котсар и Вене постигнаа по 16 поени.
Прогнозите велеа дека дуелите со Естонија треба да бидат одлучувачки за наш пласман на Европското првенство, првиот дуел со нив го загубивме и тоа на крајот може да се покаже како клучно во квалификациите.