Македонската полиција го уапси Блерим Рамадани, експрипадник на ОВК баран со потерница од Србија

Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти дека Блерим Рамaдани, поранешен припадник на ОВК, е уапсен во Северна Македонија, врз основа на налог за апсење издаден од Србија.

-Станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на оперативната зона Неродиме на Ослободителната војска на Косово, соопшти Министерството за правда на Косово.

Министерството за надворешни работи соопшти дека со овој случај се занимава и амбасадорот на Косово во Северна Македонија и дека косовските властите работат на брзо ослободување на Блерим Рамадани.

-Нашиот амбасадор во Северна Македонија, Флоријан Ќехаја, интензивно се заложи за постапување по овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на Рамадан, се вели понатаму во одговорот за косовските медиуми.

Од косовското МНР велат дека ќе ја информираат јавноста за натамошните случувања во врска со овој случај.

На апсењето на Рамадани реагираше и Организацијата на воени ветерани „Фабрикуваните обвиненија и апсењата на соборците и денеска по 25 години се неправедни и вознемирувачки за сите нас бранителите, се вели меѓу другото во реакцијата. Оваа организација ги повика институциите на Северна Македонија веднаш да го ослободат Блерим Рамадани.

Инаку, во Специјалниот суд за воени злосторства на Косово со седиште во Хаг, во тек се судења на командантите на ОВК обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и прогон, убиства, тортура. Завчера поранешниот командант на ОВК Пјетер Шаља беше прогласен за виновен за воени злосторства и осуден на 18 години затвор заради убиства сторени во 1999 година за време на борбата за независност на Косово.

Претходна вестЏо Бајден е позитивен на Ковид-19, ќе биде во изолација во неговата куќа во Делавер
Следна вестЦУК: Изгасени се 11 пожари, на 13 места се уште гори