Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, во непосредба близина на Богородица уапсени се 6 лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра.
Во попладевните часови, при обид нелегално да пренесат две торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле уапсени Л.М.(44) и А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата биле обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца македонски државјани.
Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од лобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево.
Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.