Македонски и албански државјани уапсени во обид да прошверцуваат над 67 кила марихуана

Вчера полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција -Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, РЦ Југ и Единицата за брзо распоредување во рамки на Одделот за специјални полициски операции, во полициска акција, во непосредба близина на Богородица уапсени се 6 лица и запленети 67,5 кг марихуана, вредна околу 200.000 евра.

Во попладевните часови, при обид нелегално да пренесат две торби со марихуана во количина од 67,5 кг биле уапсени Л.М.(44) и  А.М.(36), двајцата албански државјани. Во рамки на истрагата биле обезбедени докази за инволвираност на уште 4 лица, од кои уште двајца албански државјани и двајца македонски државјани.

Набрзо потоа, во близина на с.Стојаково лишен е од слобода Т.Х.(38) од Р.Албанија, а по извршен претрес во домот на В.Д.(41) од с.Стојаково, каде бил затекнат и Е.Б.(29) од  с.Попчево, струмичко, од слобода биле лишени и овие две лица. Шестиот член на  криминалната група А.К.(37), албански државјанин, кој беше во бегство, е лишен од лобода денеска, околу 13.30 часот, на подрачјето на Кичево.

Од страна на МВР во текот на денешниот ден до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против шесте лица ќе биде поднесена пријава за сторено кривично дело по чл. 215 ст.3 од Кривичниот законик.

Претходна вестОрганизациите на Бугарите во земјава бараат од Софија да ги заштити нивните права во Македонија
Следна вестТрагедија во рудникот Бучим: Две лица од алпинистички клуб во Радовиш загинаа при чистење на силос