Македонскиот академик Кедев пак на врвот на светот, ја освои и Анапурна

Членот на Македонската академија на науките и уметностите, професор и врвен светски кардиолог доктор Сашко Кедев повторно се искачи на врвот на светот. Тој успеа да го освои еден од десетте највисоки врвови на Хималаите и светот, Анапурна.

Во информацијата за освојувањето на Анапурна проф Кедев е запишан како учесник во експедицијата од Македонија. Ова е прва експедицијата во 2023 година што го освојува врвот Анапурна.

Професорот Кедев е дел од експедиција со 4 други планинари и 7 шерпаси, односно локални водичи.

– Возбудени сме што можеме да ја споделиме веста дека 5 клиенти и 7 шерпи од стигнаа до врвот на планината Анапурна во 11:15 часот на 15 април 2023 година. Ова е првото освојување на врв во сезоната на планината над 8000 метри.
Честитки за тимот, пишува во официјалното соопштение за експедицијата.

Покрај Кедев се уште 4 планинари, од Кина Ванг Жонг, од Јапонија Наоки Ишикава, Марија Александра Данила од Романија и Надја Лиза Косо од Англија.

Анапурна е низа од планински врвови во Непал на венецот Хималаи, од кои највисокиот, Анапурна I, претставува еден од четиринаесетте планински врвови повисоки од 8000 метри и со висина од 8091 метар е десеттата највисока планина на светот. Сместена е источно од големиот кањон на реката Кали Гандаки, кој го дели од масивот Даулагири.

Предходно професорот Кедев се искачи на сите највисоки врвови на сите светски континенти, а во повеќе наврати се искачи на најтешките и највисоки врвови на Хималаите и со тоа на светот.

Претходна вестЦаца-Николовска, Наумовски, Мурати, Шасивари, Чупеска… се експерти кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени
Следна вестТетовец со месеци тепал и држел заклучена 19-годишна девојка