Македонскиот репрезентативец Ристовски избран во идеалниот тим на првенството на Хрватска

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија и член на Динамо Загреб, Стефан Ристовски, третпат во кариерата е дел од идеалниот тим во првенството на Хрватска. Изборот е направен од Синдикатот на професионални фудбалери во оваа земја.

Македонскиот репрезентативец заслужи место во најдобрите 11 со одличните игри во дресот на „модрите“ во изминатата сезона 2021/2022.

Стефан Ристовски претходно беше дел од најдобриот тим во Хрватска и во сезоните 2015/2016 и 2016/2017 кога беше член на Ријека.

Претходна вестГерасимовски: „Интермецо“ и „Мош“ наместо како барови, работат како дискотеки
Следна вестЦрните дупки ги збунуваат научниците, имаат маса 30 милијарди пати поголема од масата на Сонцето