Македонските кошаркарки ја победија БиХ, селекторот вели дека тие имаат срце како планина

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија успеа да направи пријатно изненадување и оствари победа (66:68) над БиХ во квалификациите за ЕП 2023. Тоа е прва победа за кошаркарките по цели шест години и 19 порази во низа.

Селекцијата се наметна во меч со мал број поени и речиси постојано беше во водство. На полувреме Македонија имаше четири поени предност (26:30), а пред последниот период имаше шест позитива (43:49).

За селeкторот Александар Ашданов нема дилеми дека, иако победата ја обезбедивме во самиот финиш, таа сепак е заслужена.

– Последната минута беше неверојатно драматична, на 36 секунди пред крајот резултатот гласеше 66:66. Милица Николиќ ги постигна победничките поени за 66:68, а потоа Митрашиновиќ не реализира две слободни фрлања. За среќа, и Босанките не беа успешни, па Македонија славеше триумф. Мислам дека со прикажаното, апсолутно и ја заслуживме оваа победа. Многу важна, голема, огромна. Секоја чест за овие девојки кои го оставија срцето на теренот. Имаат срце големо како планина. Покажаа дека треба да се верува во нив, изјави Ашданов.

Претходна вестПолицијата ги бркаше ,,рели” возачите низ Македонија, казнети 209 лицa
Следна вестМоже ли Ковачевски и Сали заедно да се преиспитаат и да си разменат напишани оставки?