Во натпреварот за пласман од 13 до 16 позиција на евро-шампионатот во Полска, македонската кошаркарска селекција „Под 20“ години, кој беше означен како последна шанса во битката за да се избегнат последните три позиции на првенството кои водат кон преселба во Дивизијата „Б“, загуби од селекцијата на Исланд со 116:87.
Оттука, во последниот меч од турнирот во Гдиња, во недела, нė чека поразениот од мечот во кој се среќаваат селекциите на Турција и на Црна Гора за избегнување на последното место на ова ЕП. Македонија ја доби првата четвртина (20:14), одиграа нашите млади кошаркари како што треба, особено во одбраната. Но, веќе во првите неколку минути од втората, Исланѓаните не само што фатија резултатски приклучок, дури и го преземаа водството.
Имавме егал резултат по 18 минути од играта (38:38), но очајно го завршивме првото полувреме. Исланд направи серија од (8:0) доволно за да дојде до највисокото водство. На полувреме противникот имаше сосема солидни (46:38). Колку игравме различно во овие два периоди од играта јасно говори и податокот дека во вториот примивме дури 32 поени, за разлика од првиот – само 14.