Македонските ракометари во недела во Скопје ќе ја заверуваат визата за ЕП 2024

Ракометна репрезентација на Македонија е се поблиску до нов настап на Европско првенство. По синоќешниот триумф над Луксембург се насмевнува ЕП 2024 година. Репрезентативната чета на селекторот Кирил Лазаров во недела го игра последниот квалификациски дуел против Турција. Со победа ќе ја добие „европската виза“.

Мечот е закажан со почеток во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а билетите веќе се пуштени во продажба.

Инаку, македонската ракометна репрезентација вчера на гостувањето кај Луксембург одигра со резултат 28:23. Домаќините во првото полувреме на неколку наврати имаа и два гола предност, но македонските репрезентативци со подигање на нивото на играта не дозволија да бидат изненадени.

Бевме фаворити, но секогаш е потешко да дојдеш до победа кога не играш дома, пред своите фанови. Очекував ваков тежок натпревар, но најважно е дека бевме фокусирани и концентрирани во текот на сите 60. минути, изјави Лазаров по мечот.

Сега сетиот фокус е кон натпреварот со Турција кога треба да се потврди пласманот на ЕП.

 

Претходна вестПравници коментираат: Хорор и срамотилак во највисокиот орган на судската власт
Следна вестСлаба проценка: Требаше да изберат 2.223 членови на Работната група за уставни промени