Македонските студенти ќе можат да студираат во Хрватска по иста цена како и хрватските

Македонија и Хрватска денеска потпишаа нова четиригодишна програма за соработка на која своите потписи ги ставија министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за образование, наука и млади на Хрватска Радован Фукс.

Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата држава под условите што таму важат, додека во високото образование, школарината е иста како и за домашните студенти. Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји.

Билатералната соработка предвидува поттикнување на размената на искуства за достигнување на високите европски образовни стандарди и овозможува поддршка во рамки на различните програми на Европската Унија и регионалната програма ЦЕЕПУС.

Договорена е поддршка за зачувување на јазикот и културата на двата народа.

Претходна вестСредношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта
Следна вестСоветот на Град Скопје не ги донесе Одлуките за воведување на БРТ и набавка на еко-автобуси