Македонските судии Николов и Начевски првпат сезонава ќе судат во Лигата на шампионите

Македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за првпат во оваа сезона ќе судат натпревар од Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација ги делегира двајцата Македонци на натпреварот меѓу словенечкиот Целје и францускиот Монпелје.

Овој натпревар ќе се одигра во „Златорог Арена“ во Целје на 11 откомври со почеток во 20:45 часот.

Николов и Начевски немаа делегирања во првите три кола од елитното натпреварувања.

Претходна вестВашингтон пост: Бајден почнал да планира средба со кинескиот претседател
Следна вестОтворен 11 фестивал за млади „Џифони Македонија“