Македонци мамeле луѓе по Далмација, украле над 26.000 евра

Хрватската полиција уапси двајца постари државјани на Северна Македонија под сомнение дека извршиле пет измами и тешка кражба, предизвикувајќи материјална штета од 200.000 куни (нешто повеќе од 26.000 евра), според сплитската полиција, цитирана од Индекс.

Станува збор за 76 и 68-годишни од Северна Македонија кои извршиле пет кривични дела измама во август и септември на подрачјето на Сплит, Трогир и Примоштен.

За време на кривичната истрага, извршено е претрес на лично возило и стан во областа Омиш, користени од осомничениот двоец, а по тој повод се пронајдени поголема сума на пари, неколку лажни златни часовници и неколку катанци.

76-годишникот и 68-годишникот се предадени на надзорникот за притвор под сомнение дека сториле пет кривични дела измама и кривично дело тешка кражба.

 

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ тврди дека Шилегов исплаќал милионски суми на наместени тендери
Следна вестАпасиев: Цели згради во Аеродром одбиваат да бидат попишани