ЕУ нон-стоп повторува дека го сака т.н. Западен Балкан во своите редови. Ама и нон-стоп го одложува давањето на датум за датумот кога ќе го добиеме датумот за влез.
Што всушност се случува во ЕУ?
Само што претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ја пушти милозвучната мелодија дека ЕУ ќе биде подготвена за ново проширување до 2030 година, од Франција стигнаа други тонови.
Францускиот претседател Емануел Макрон посочи дека ЕУ ќе треба да се реформира ако сака да прими нови членки.
-Ризично е да мислиме, дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко, да напредува на чувствителни теми со 27 членки, со 32 или 35 членки нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со „повеќе брзини“, истакнал Макрон на годишниот состанок со француските амбасадори.
Какви се тие брзини не е објаснето, но од искуство, како се носат таму одлуките, јасно е дека нема да бидат брзо донесени. Потоа колку ќе биде поспоро нивното реализирање може само да нагодуваме.
А датумот…