Максим Димитриевски: Предвидуваме исплата на 13-та пензија

Исплата на 13 пензија на пензионерите во првата година од новата влада, најави денеска Максим Димитриевски, претседателски кандидат на движењето ЗНАМ.

-Во делот на првата година од Владата, бидејќи следната Влада нема да може да се состави без пратениците до Движењето ЗНАМ, од буџетските вишоци во тековната 2024 година, со ребаланс ќе предвидиме исплата на 13 пензија во форма на субвенција до пензионерите. Со тоа што истата ќе биде распределена на начин што помалите групи со пониската пензија ќе добиваат поголем дел од средствата, а повисоката помал дел. Се со цел да се усогласи големата разлика што постои. Во меѓувреме, транспарентно ќе бидат објавени бројки колку средства имаме во Буџетот за исплата на пензиите и ќе се направат дополнителни пресметки како и на кој начин ќе може во следниот период да се зголемуваат пензиите. Ние нашите ветувања ги исполнуваме, рече Димитриевски.

 

Претходна вестВанковска: Моите противкандидати се плашат од дебати
Следна вестВработените во културата не добија плата, од утре излегуваат на протести