На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 1.699 пациенти со ковид-19. Има околу 300 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.
Вчера вкупната бројка беше 1.724 лица.
Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани се 67 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 686 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.
Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните и хируршки клиники имало 39 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало осум примени пациенти и 12 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти, а двајца биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина биле примени двајца пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 44 оздравени пациенти.
Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.013 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.