Малолетничка истепана и со нож повредена од својата сестра

Вчерa во тетовската полиција била пријавена тепачка меѓу две сестри во тетовско, Според пријавенoто поголемата ја истепала и со остар предмет ја повредила малолетната сестра

– Вчеравечер, во 21.50 часот, во СВР Тетово е пријавено дека во тетовската Клиничка болница била донесена малолетничка од тетовско село со повреди од остар предмет и со други повреди на телото. По преземените мерки, било утврдено дека повредите ѝ ги нанела нејзината повозрасна сестра, исто така малолетничка, информираат од МВР.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија надлежните.

Претходна вестГи лови ли МВР доволно возачите кои поминуваат на црвено на семафор?
Следна вестНе помина законот за амнестија, 66 пратеници беа „против“