Малолетно девојче се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода случена вчера на подрачјето на скопската општина Центар.
– На 06.06.2024 во 14.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„Народен Фронт“ со ул.„Шарски Одреди“, патничко возило „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(49) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопштија денеска од полицијата во дневниот билтен.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.