Малолетници фатени со марихуана во близина на училиште

СВР Тетово поднесе кривична пријава против четири 17-годишници од тетовските села Слатино, Долно Палчиште, Бродец и Долна Лешница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 19.10.2022 во близина на средно училиште во Тетово, полициски службеници кај пријавените пронашле и одзеле марихуана.

Претходна вестЉубанци утре ќе остане без вода
Следна вестВршел јавен превоз без лиценца, кривична за маж од Тетово