Малолетници од Тетово, украле „Хонда“ во Скопје, ја возеле неколку дена без регистрација

Двајца малолетници од Тетово украле автомобил „Хонда“ во Скопје и неколку дена ја возеле без регистрација. Против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци.

– Полициски службеници на СВР Тетово, вчера, околу 11.30 часот, на улицата Благоја Тоска во Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово, извести СВР Тетово. Тие се сомничат дека пред неколку дена во Скопје противправно одзеле патничко моторно возило „хонда“ и без регистарски ознаки и дозвола го управувале. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, а возилото му било вратено на 35-годишниот сопственик А. Ј. од Скопје, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против малолетниците ќе следуваат соодветни поднесоци.

Претходна вестРекордни сексуални напади на крстосувачките бродови
Следна вестНова ликовна поставка во Галеријата „Матица“