Малолетници сакале да ограбат тинејџер среде бел ден – полицијата ги уапси

Полициските билтени секојдневно забележуваат инциденти и девијантни појави во Македонија. Бројот на случаи на насилство, кражби, наркоманијата и продажбата на дрога како да станаа секојдневие. За жал, се почесто некои млади луѓе сакаат да стигнат до брза и добра заработка, честопати судирајќи се со Законот…

Таков случај имало вчера во Градскиот парк во Скопје кога биле уапсени тројца малолетници, и за истиот МВР излезе со соопштение кое ви го пренесуваме во целост:

– Тие се сомничат дека околу 13.10 часот во Градскиот парк во Скопје, со уште две други лица, физички го нападнале Ф.П.А.(19) од Скопје и се обиделе да му го одземат паричникот. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.

Претходна вестДемири: Ќе најдеме решение да му се помогне на Леонид Индов
Следна вестИ инспекторите и трговците утре се на потег