Малолетници се обиделе да украдат мотоцикл во Тетово, ама…

Приведени малолетници фатени при кражба. Имено, вчера на улицата Благоја Тоска во Тетово, полицијата приведе двајца малолетници.

Тие биле затекнати при обид да извршат „тешка кражба“ на мотоцикл „Априлија“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ц.(44) од Тетово.

Двајцата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

Претходна вестАкадемијата за судии и јавни обвинители го крши изборниот законик со вработувања, вели Стоилковски
Следна вестПукање во Арачиново, возачот на градоначалникот пренесен во болница