Полицијата трага по двајца малолетници, згрижени во јавни установи.
– На 23.01.2024 во Полициската станица Чаир, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Б.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, велат од МВР.
– На 23.01.2024 во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село, било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Л.З.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан, се вели за вториот случај.