Темно Режим Светло Режим

Малолетник усмртил пешак со возило во Скопје, па избегал

Седумнаесетгодишник со автомобил прегазил пешак во Скопје кој починал на самото место.

Од МВР информираат дека несреќата се случила вчера на ул.„Христијан Тодоровски Карпош“, пред крстосница со ул.„Втора македонска бригада“ во Скопје, кога автомобил „шкода октавија“, со скопски регистарски ознаки, управуван од 17 – годишник од Скопје, удрил во пешакот С.С.(38) од Скопје.

Пешакот починал на местото на незгодата, а возачот избегал, но набргу потоа бил пронајден.

Advertisement

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Можни нови мерки: Автобусите ќе возат со половина капацитет, ништо нема да работи по 23 часот...

Следниот Пост

Маратонците ќе поминат преку Скопје на пат кон Крушево во спомен на Тоше Проевски