Разгледница од Аеродром кај ТЦ „Бисер“, може и Марин ќе ја види

Аеродром е најурбанизираната и најзелена општина во Скопје. Вака се фалат и аеродромци и раководството на Општина Аеродром. Но…

Ниту во самиот епицентар на општината, кај ТЦ „Бисер“ не е баш така. Овој пат само еден сегмент од тамошниот хаос ни го прикажаа жители од тој дел на Аеродром кои ни испратија во редакцијата 3 фотографии и мал текст:

-Секојдневна глетка кај контејнерите вeднаш до ТЦ Бисер, потенцијален извор на зараза, отпадоци од месо од околните месари се фрла во и до контејнерите, а животни и луѓе го разнесуваат низ цела населба, напишале станари од околните згради.

Нема потреба ништо да се додаде, разгледницата од Аеродром се надеваме ќе ја видат од градското комунално претпријатие, но и градоначалникот Марин. Пред два дена помпезно беше објавено во некои медиуми дека градоначалникот посетил градинка, епа време е да прошета и околу ТЦ „Бисер“.

Аеродром навистина може да биде најзелен и најчист дел од Скопје, ама треба да се работи, надгледува, казнува… Секако и еден дел од аеродромците сосе трговците треба да станат малку поуредни…

Претходна вестШилегов: Градот Скопје да добие јурисдикција врз скопските општини
Следна вестНародна банка поднесе кривична пријава против одговорните за стечајот на „Еуростандард банка“