Скопје најголемо жариште на вирусот, најмногу во Аеродром, Центар…

Скопје е најголемо жариште на заболените од корона вирусот во Македонија. Во самиот град, општина Аеродром е подрачје со најмногу заболени, покажуваат податоците на Министерството за здравство.

На ова посебно влијаеа вчерашните резултатит со кои само во Скопје имало 277 новоинфицирани од вкупно 535 заболени во земјава. Со тоа на скопското подрачје сега има 2.178 заболени а досега околу десет илјади граѓани биле инфицирани со Ковид-19.

Скопската општина Аеродром со 429 активни случаи моментално има најмногу заразени со корона вирус во главниот град на Македонија. Потоа следат Центар со 395, Карпош со 373 и Кисела Вода со 257 случаи на ковид-19. По нив најзаразено подрачје е Гази Баба со 213 заболени, Ѓорче Петров – 183, Чаир – 96, Бутел – 82, Сарај – 15 и Шуто Оризари – 14.

На поширокото скопско подрачје во Студеничани има 3 заболени, Арачиново – 4. Илинден – 32. Сопиште – 18. Чучер Сандево – 6. Петровец –10. Зелениково – 5. Странец – 12 и Нераспределен-31.

Претходна вестМаратонците ќе поминат преку Скопје на пат кон Крушево во спомен на Тоше Проевски
Следна вестЗаев: Да не постоеше Гоце Делчев, ќе требаше да го измислиме за да биде мост на пријателството