Мандатите им привршуваат, ама уште тераат со напорни патувања за доброто на Македонија

Полека истекуваат мандатите на претседателот Стево Пендаровски и особено на премиерот Димитар Ковачевски кој за нешто повеќе од 10-тина дена ќе ја напушти владината фотелја. Но, иако се при крај со мандатот и двајцата засилено работат за доброто на Македонија.

Еве на пример, Пендаровски веќе утре ќе патува во Давос, Швајцарија. Тој таму на 16 и 17 јануари ќе учествува на 54. Годишен состанок на Светскиот економски форум.

Форумот има и еден многу интересен наслов: „Обнова на довербата“.

Предвидено е претседателот да учествува на сесијата „Дипломатски дијалог за Западен Балкан“, на неформалниот собир на светски економски лидери „Враќање на вербата во глобалниот систем“ и на официјалната вечера „Градење на Европа на утрешнината“.

Премиерот пак, од денеска е во работна посета на Виена, Австрија. Во рамки на посетата Ковачевски ќе одржи работна средба со генералната секретарка на ОБСЕ на која ќе се разговарало за завршеното успешно претседавање на Македонија со ОБСЕ во 2023 година.

Ќе најдат ли двајцава лидери уште поводи и време за нови корисни патувања до крајот на мандатите останува да се види.

 

Претходна вестДве лица во струмичко со возило излетале во провалија длабока пет метри, минале без повреди
Следна вестОткриен „прстен“ од галаксии кој не се совпаѓа со досегашното разбирање на вселената