Манолева: Родителите на Леонид не побарале мислење за можноста за лекување во нашите установи

Кај пратениците во Собранието постои расположение да се направат законски измени со цел да се измени правилникот со кој Фондот за здравствено осигурување освен лекувањето ќе му ја плати и рехабилитацијата на 18-годишниот Леонид Игнов, но заменик министерката за здравство, Маја Манолева смета дека треба да се исцрпат сите можности за лекување тука па потоа пациентите да бидат упатени во странство.

– Ние имаме здравствен систем кој во однос на апаратурата е вистина напреднат и кој може да одговори за пациентите кои порано сме ги испраќале во странство. Треба да се почитува тој систем да се исцрпат сите можности тука за лекување па потоа пациентите да бидат упатени за лекување и рехабилитација на пациентите во странство – рече Манолева.

Заминувањето на Игнов било по барање на родителот до ЦУК кој ја споделил информацијата со МВР, а со меморандум на Министерството за здравство било овозможено да замине во Виена. Манолева рече дека родителите не побарале никакво мислење од институција за можноста или неможноста за лекување на детето во нашите установи.

– Родители немаат побарано никакво мислење од институција за можноста или неможноста за лекување на детето во нашите установи. Треба прво да се изоди тој пат и дури потоа да кажаеме според целата мединска документација стручниот колегиум на соодветна клиника да каже дали има или нема можност за продолжување на лекувањето или рехабилитацијата во нашите институции – додаде Манолева.

Претходна вестОслободителна пресуда за Мијалков во случајот „Трезор“
Следна вестАлбанец ја претепал и дрогирал бремената девојка за да ја натера да абортира