МАНУ: Постои само една национална академија и во неа нема место за политички влијанија

Во државава како и секаде во регионот и во светот постои само една национална академија. Македонската академија за науките и уметностите отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа, ваков е ставот на МАНУ, откако коалицијата „Вреди“ викендов излезе со иницијатива за формирање албанска академија.

-МАНУ отсекогаш била отворена за сите граѓани кои ги исполнуваат високите научни и уметнички критериуми за членство во неа, независно од етничката, верската и каква било друга припадност. За политичките партии и нивните влијанија никогаш немало место во неа, соопшти вчера попладне Претседателството на МАНУ како реакција на најавата, како што наведува, „од некои политички партии за основање академија на етничките Албанци во Македонија“.

Нагласува дека во Македонија, како и во земјите од регионот и насекаде во светот, постои само една национална академија која ја претставува државата во европската и во други меѓународни асоцијации на академии.

-Од нејзиното основање до денес, во Академијата членови биле припадници на македонскиот народ, но исто така и на сите етнички заедници. Меѓу другите, во последната декада во составот на МАНУ имаше четири члена од албанска етничка припадност (од коишто во трите последователни раководства еден беше научен секретар, а двајца потпретстедатели на Академијата, од кои еден е во актуелното раководство), како и три члена надвор од работниот состав, соопшти Претседателството на МАНУ.

Осврнувајќи се на формирањето на МАНУ во 1967 година, како највисока научна и уметничка институција во Република Македонија, во рамките на тогашната југословенска федерација, посочува дека „првиот состав на академици е избран согласно највисоките универзални научни и уметнички стандарди и китериуми“.

Претходна вестСе чествува Света Марина позната како Огнена Марија, заштитничка на жените
Следна вестМасовни протести во повеќе градови низ Србија против договорот за ископување литиум