Македонската фудбалска репрезентација се соочи со сериозни проблеми пред почетокот на Лигата на нации, откако се повредија Александар Трајковски и Милан Ристовски, па селекторот Благоја Милевски реши да повика уште еден фудбалер.
Младинскиот репрезентативец Марио Илиевски доби повик од селекторот и за првпат ќе биде дел од сениорската селекција на Македонија.
Илиевски веднаш ќе се приклучи на репрезентацијата и ќе биде во конкуренција за настап на мечот против Фарски Острови во Торшавн.
Натпреварот меѓу Фарски Острови и Македонија се игра на 7 септември, додека дуелот меѓу Македонија и Ерменија е закажан за 10 септември.