Марјан Танушевски ја презеде функцијата директор на македонскиот Културно-информативен центар во Србија

Марјан Танушевски, досегашен новинар на МИА, ја презеде функцијата како прв избран директор на македонскиот Културно информативен центар во Белград, Република Србија.

Успешна работа и прием во македонската Aмбасада во Белград, на Танушевски му посака амбасадорот Никола Тупанчески со што во пракса почна да се реализира Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за отворање на културно-информативни центри во Белград и Скопје.

Културно-информативните центри може да даваат информативни услуги, да гo претставуваат современото творештво и културното наследство во секоја област на културата и уметноста, да организираат изложби од доменот на ликовната и применетата уметност, фотографии, цртежи, слики и скулптури, како и други оригинални уметнички дела.

-Согласно Спогодбата за соработка меѓу двете држави, македонскиот Културно-информативен центар во иднина ќе биде организатор и коорганизатор на книжевни, научни и други тематски трибини, предавања, музички и помали сценски настапи, како и други програмски претставувања од областа на културата, најавува Танушевски.

Според министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, отворањето на македонскиот КИЦ во Белград уште повеќе ќе ја засили културната соработка со Србија.  (МИА)

Претходна вестИзборниот екстерен испит матурантите ќе го полагаат задутре
Следна вестСиљановска Давкова го додели мандатот за состав на нова влада: Мицкоски има рок од дваесет дена за да ја формира