Мароко следен противник на македонските ракометари

Mакедонската ракометна репрезентација ќе се соочи со Мароко во последното (трето) коло од втората група во Президент купот на Светското првенство 2023 Полска/Шведска. Натпреварот ќе се игра во Плоцк со почеток во 18 часот.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доколку успеат да останат непоразени, в среда ќе играат меч за пласман на 27/28 место.

На ракометниот Мундијал, во текот на денешниот ден ќе се одиграат последните шест натпревари од втората групна фаза. Двојките се:
Катар – Аргентина (15:30 часот)
САД – Белгија (15:30)
Хрватска – Бахреин (18:00)
Србија – Холандија (18:00)
Египет – Данска (20:30)
Германија – Норвешка (20:30).

Пласман во четвртфиналето обезбедија: Франција, Шпанија, Шведска, Унгарија, Германија, Норвешка, Египет и Данска.

Претходна вестЛимените тараби околу црквата на улица „Македонија“ ќе останат до крајот на изградбата
Следна вестПресуди за „Титаник 2“: По две години затвор за Мијалков, Тачи, Ибраими, Стефановска, Сајковски и Срцев