Машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај откако им беше исполнето барањето за исплата на вториот дел од платата за септември.
Доколку до 25-ти овој месец не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец, повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден. Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно веќе следниот нема да работат.
Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера изутрина и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови.