Американскиот милијардер, основач на Тесла и сопственик на „X“, Илон Маск го нарече шеф на Фондот за отворено општество Џорџ Сорос мизантроп, кој во основа го мрази човештвото на фундаментално ниво. Маск најави дека ќе ја тужи фондацијата „Сорос“.
– Сорос во основа го мрази човештвото и ги поддржува плановите кои ја нагризуваат структурата на цивилизацијата. Се чини дека организацијата на Сорос не сака ништо помалку од уништување на западната цивилизација, рече Маск во интервју за американскиот публицист Џо Роган.
Тој тврди и дека Сорос е „главниот донатор на Демократската партија“ во САД.
Претходно, Маск изјави дека има намера да ја тужи Фондацијата Отворено општество за да го запре сузбивањето на слободата на говор од страна на организацијата.