Home АКТУЕЛНО Маските и покрај апелите тешко влегуваат во автобусите, кој треба да контролира?

Маските и покрај апелите тешко влегуваат во автобусите, кој треба да контролира?

0
Маските и покрај апелите тешко влегуваат во автобусите, кој треба да контролира?

Комисијата за заразни болести и ЈСП „Скопје“ деновиве апелираа до граѓаните да носат заштитни маски кога се возат со јавен градски превоз. Апелот е мотивиран со цел да се намали ширењето на корона вирусот кое од ден на ден станува се поголемо. Но, се чини, апелот остана без голем одзив кај граѓаните. Тоа го покажува и фотографијата којашто вчера ја направивме во еден од автобусите на ЈСП „Скопје“.

Најголемиот дел од патниците и натаму влегуваат во автобусите без маска. Впечатокот е дека на десетина патници одвај еден или двајца носат маски. Сето тоа доволно зборува дека ризикот од ширењето на опасниот вирус е големо.

ЈСП „Скопје“ потсети дека тие немаат ингеренции да забрануваат влез на патници кои при користење на превозот не носат маска, ниту имаат право да ги казнуваат.

-Единствено, со одговорно однесување на секој поединец, а со оглед на тоа дека превозот секојдневно го користат илјадници граѓани, може сите да придонесеме во борбата против ширење на вирусот. Очекуваме дека нашиот апел ќе биде добронамерно прифатен и применет во интерес на колективното здравје, беше наведено во нивниот апел.

Но, очигледно, состојбата бара нешто да се преземе и да се утврди кој треба да врши таква контрола за да автобусите не станат место за ширењето на корона вирусот.