Комисијата за заразни болести на денешниот состанок не дискутирала за укинувањето на маските во училиштата. Но, како што информира портпаролот на Комисијата Злате Мехмедовиќ на денешната прес-конференција по состанокот, состојбата во училиштата е постабилна, и за да се укине ваква мерка би требало да има нов скрининг.
-Епидемиолошката состојба во училиштата секако дека е постабилна, скринингот покажа дека 0,8 проценти е трансмисијата помеѓу оние ученици коишто се избрани по случаен избор, меѓутоа би требало да земеме предвид една важна работа, а тоа е дека скринингот е направен додека важи мерката за носење на маските во училиште, а не без маски и не сме сигурни дека би имале ваков резултат во тој случај. Ако се случи укинување на маските тогаш би требало да направиме веројатно нов скрининг и да се следи ситуацијата каква би била трасмисијата на вирусот во такви нови околности, рече Мехмедовиќ.