Масовна тепачка меѓу затворениците се случила вчера попладне. Во снимката што вчера попладне ја објави ТВ 21 може да се види дека се работи за десетици затвореници кои се чини дека имале вербален конфликт, кој потоа прераснал во физичка пресметка.
Засега не се познати мотивите за ова насилство.
Инаку, викендов почина 40 годишниот осуденик од Гостивар кој на крајот од минатиот месец беше претепан од три години повозрасен затвореник во Идризово.. Двајцата биле сместени во одделот „Амбуланта“ каде престојуваат затвореници со здравствени проблеми. Од управата на Идризово сметаат дека причина за нападот е пренатрупаноста.. Бројот на затвореници кои се наоѓаат на одделението бил двојно поголем од предвиденото.
Народниот правобранител и невладините, пренатрупаноста и недоволната здравствена заштита во најголемиот македонски затвор, ги нотираат како најголеми проблеми за Идризово.