Маж од скопската населба Aеродром, вчера пријавил во полиција дека бил нападнат од мајката на неговата сопруга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
МВР информира дека синоќа во 22.26 часот во СВР Скопје, 50-годишник од Скопје пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходни недоразбирања, бил физички нападнат од М.К., мајка на неговата сопруга, која употребила и тврд предмет.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.