Маж на возраст од 57 години починал во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје каде бил донесен пред десет дена по удар од трактор, соопшти полицијата. МВР денеска соопшти дека вчера во Полициска станица Кочани е пријавено дека на 07.07.2022 година во Комплекс клиники „Мајка Тереза“- Скопје, починал Б.К.(57) од с.Теранци, кочанско, кој на 29.06.2022 бил донесен кај нив со повреди.
Според пријавеното, тој со повредите се здобил при пад пред трактор, управуван од С.Г.(81), а по дополнително извршени проверки од страна на полициските службеници е констатирано дека лицето било удрено со трактор.
За случајот е известен Јавен обвинител.