Маж од Скопје одзел пари од обложувалница, осомничен за уште пет други дела

Вчера бил приведен маж од Скопје, кој со закана кон вработена одзел пари од обложувалница. Тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје извршил дополнителни пет кривични дела.

– Вчера (07.11.2023) полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода У.Ш. (31) од Скопје. Тој се сомничи дека непосредно претходно во спортска обложувалница на подрачјето на Центар, со закана кон вработената одзел пари. Кај него биле пронајдени пари за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, по што У.Ш. е приведен во полициска станица. По преземени мерки и активности, тој се сомничи дека на подрачјето на Скопје извршил дополонителни пет кривични дела, информираат од МВР.

По целосно документирање на сите кривични дела од страна на ЕВР Центар и Бит Пазар, против сторителот до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.

Претходна вест Европската Комисија сепак најде и нешто за што ја пофали македонската влада
Следна вестМајка и две малолетни деца од Конго пронајдени во камион кај Штип