Надворешна канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б. С. (38) од Струга.
Тој се сомненичи за сторено кривично дело спречување службено лице во вршење службено дејство“.
Имено, на 16.2.2024, во Медицинскиот центар Струга, пријавениот агресивно се однесувал кон лекар од медицинскиот центар и оштетил стакло од влезната врата на амбулантата.