Маж од Струмица пронајден починат во домот, паднал врз греалка и му се запалила облеката

Вчера во Полициската станица Струмица било пријавено дека во куќа на улица „Широк дол“ во Струмица бил пронајден починат Д.К.(62) од Струмица.

Лекар констатирал смрт поради загушување со чад, а претходно лицето паднало врз електрична греалка и му се запалила облеката.

Увид на местото извршиле јавен обвинител, инспектор за пожари и екипа на СВР Струмица.

Претходна вестШтедна книшка и подароци од Арсовка за првороденото бебе во 2025 година
Следна вестЖена од Крива Паланка си го истепала сопругот за Нова година