Маж од тетовски бил приведен вчера откако претходно бил агресивен кон полицајци. Како што информираат од МВР против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
– Вчера околу 18 часот и 25 минути на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 42-годишниот С.А. од тетовско Фалише, кој се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија, извести СВР Тетово.
По документирање на случајот ќе му биде изготвен законски предвидениот поднесок.