Маж од тетовско село ја тепал сопругата, кај него најдено и оружје

Вчеравечер, во 23 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 27-годишниот О.М. од тетовско село. Четириесетина минути пред тоа тој бил пријавен од 24-годишната сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.

Тој е задржан во Полициската станица Тетово, одземени му се ловечка пушка со 14 патрони и гасен пиштол, а по целосно документирање на случајот, против него ќе следува поднесок.

Претходна вестВладата најавува ново покачување на минималната плата, ќе има ли пари за…?
Следна вестПретрес во Прилеп и Велес, уапсени двајца дилери