Маж префрлен на Психијатрија откако нападнал медицинари и полицајци

Маж во Гостивар нападнал полициски и медицински екипи. Тој бил однесен во психијатриска болница.

– На 11.06.2023 во 10.30 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ф.И.(41) од Гостивар затоа што се однесувал агресивно кон медицинска екипа и полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од МВР.

Лицето било задржано во полициска станица и по документирање на случајот е спроведено во психијатриска болница.

Претходна вестЈокиќ ја покори НБА лигата, со импресивни бројки дојде до титулата
Следна вест32-годишно лице претепало дете во скопски Центар