Маж се заканувал со поставени бомби на неколку локации во Делчево, соопшти полицијата.
– Вчера вечерта околу 19 часот во Полициска станица Делчево машко лице се јавило телефонски и упатило закана за наводно поставена експлозивна направа на неколку локации во Делчево, информираат од МВР.
Веднаш биле преземени соодветни мерки и активности, извршени потребните проверки и утврдено дека станува збор за лажна пријава.